Кам-бек на Работнички или шампионско славје на МЗТ Скопје

фото: мзт скопје

Екипите на Работнички и МЗТ Скопје вечерва (20.15 ч.)  во СЦ „Борис Трајковски го играат вториот натпревар од финалната серија во домашниот шампионат. Во првата средба, МЗТ Скопје го понижи Работнички со триумфот од 36 поени разлика (80:44) што предизвика остра реакција на тренерот Марин Докузовски.

Вечерашната пресмека помеѓу „вечните“ ривали ќе даде одговор дали тимот од Градски Парк може како и на полуфиналните дуели со Блокотехна, да се врати по убедлив пораз или „металците“ со евентуална победа ќе дојдат на чекор до титулата.

Голем хендикеп за Работнички ќе биде неиграњето на искусниот Димитар Мираковски кој се повреди во финишот од првиот натпревар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот