Калиопи му го честиташе роденденот на бившиот сопруг: Секогаш биди среќен мој драг и сакан Зафирчев

Македонската поп-дива Калиопи и нејзиниот поранешен сопруг Васил Зафирчев, очигледно сè уште се во добри односи.

Калиопи тоа го потврди со роденденската честитка што му ја упати за неговиот 40-ти роденден на нејзиниот инстаграм-профил.

„Секогаш биди среќен мој драг и сакан Зафирчев“, напиша Калиопи.

Инаку, кога Калиопи и Васил стапија во брак во 2004 година, во јавноста се крена голема прашина поради разликата во годините меѓу нив. Нивниот брак заврши по седум години, но и после тоа тие останаа добри пријатели.

„Секој човек има свој пат. Јас сум непоправлив романтичар. Разводот е тежок онолку колку што сте подготвени да поднесете. Моите бивши сопрузи ми се најдобрите пријатели. Веројатно успеавме во тоа, бидејќи сите сме паметни луѓе“, изјави своевремено Калиопи, сакајќи да истакне дека и покрај разводот, таа и Васил се во добри односи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот