Калиопи „фатена“ со непознат маж на концертот на Жељко Самарџиќ во Белград? (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Нашата поп-дива Калиопи Букле вчеравечер како што е редот, го испочитува својот српски колега Жељко Самарџиќ кој одржа спектакуларен концерт во салата „Сава Центар“ во Белград.

За разлика од претходно каде Калиопи на јавни случувања секогаш се појавува со својата менаџерка Лорета, овој пат не беше случај.

Нашата позната пејачка на концертот уживала во друштво на непознат маж.

Фото: Принтскрин

Меѓутоа, човекот кој на фотографијата е седнат до нашата Калиопи, всушност е еден од најпознатите текстописци и композитори во Србија.

Станува збор за Драган Брајовиќ – Браја, чие име стои потпишано на многу познати хитови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот