Калин со само еден изгубен гем до осминафиналето на новиот турнир во Тунис

фото: instagram.com/kalin_ivanovskii/

Македонскиот најдобар тенисер, Калин Ивановски одлично го стартуваше новиот турнир во Тунис и се пласираше во осминафиналето.

Ивановски лесно го совлада Рафаел Шаер од Швајцарија и со само еден изгубен гем со 6:0 и 6:1 славеше победао д 2:0. Во првиот сет Ивановски не му дозволи на Шаер да освои ниту еден гем, додека во вториот му препушти само еден и дојде до убедлива победа.

Во осминафиналето Калин ќе игра против подобриот од мечот помеѓу Рос од Шпанија и Пичионе од Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот