Калин Ивановски со победа го започна турнирот во Тунис

фото: instagram.com/kalin_ivanovskii

Maкедонскиот тенисер Калин Ивановски со победа го започна ИТФ фјучерс турнирот во Монастаир, Тунис.

Калин во првото коло беше убедлив против Лукас Павловиќ од Словачка победувајќи со 2:0 во сетови (6:4 и 6:2). Моментот на одлука во првиот сет се случи во десеттиот гем кога Ивановски по вторпат го одзеде сервисот на противникот и поведе со 1:0.

Во вториот сет Македонецот стигна до два брејка и заслужено се пласираше во осминафиналето. Противник на Ивановски во второто коло ќе биде Адам Мундир од Мароко, тенисер кој е 688. место на АТП листата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот