Калин Ивановски со победа го стартуваше фјучрсот во Португалија

фото: mtftennis.mk

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски постигна победа во мечот од првото коло на фјучрсот во Сетубал, Португалија, што се игра за награден фонд од 25.000 долари.

Ивановски го победи „стариот познаник“ Французинот Саша Вајенбург (кого го совлада во финалето на скопскиот фјучрс) со 2:0 во сетови (6:4, 6:4) за еден час и 27 минути игра.

На овој меч Ивановски имаше три брејка од четири можности, а противникот еден од две можности.

Македонецот, кој е трет носител на турнирот, во второто коло ќе игра со победникот од мечот на протугалските тенисери Франциско Роча и Дуарте Вале (од кого загуби на претходниот турнир во Поругалија).

На фјучрсот во Сетубал Ивановски настапува и во игра на двојки со Елдин Хусеиновиќ, а во првата рунда утре ќе играат против вторите носители Треј Хилдебранд и Ноа Шахтер од САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот