Калин Ивановски лесно до полуфинале во Мадрид

фото: instagram.com/kalin_ivanovskii

Македонскиот најдобар тенисер Калин Ивановски без поголеми проблеми обезбеди пласман во полуфиналето ИТФ фјучерс турнирот вреден 15.000 долари во Мадрид.

Во денешното четвртфинале Ивановски беше подобар од Мексиканецот Рубио Фиерос кој во овој момент е 862. тенисер на АТП листата. Ивановски беше подобар со максимални 2:0 во сетови 6:4 и 6:1.

Противник во полуфиналето на Ивановски ќе биде, Сидане Понтјодикромо од Холандија кој е 689. тенисер во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот