Калин им се врати на победите: Обезбеди осминафинале на новиот турнир во Тунис

фото: instagram.com/kalin_ivanovskii/

Калин Ивановски пред неколку дена беше поразен во финалето на фјучерс турнирот во Тунис, но веќе денес најдобриот македонски тенисер им се врати на победите.

Ивановски денес со двапати со по 6:3 беше подобар од Ендрју Роџерс на нов турнир исто така во Тунис. Ивановски е прв носител на турнирот и против Роџерс ја оправда фаворитската улога.

Следна пречка на македонскиот тенисер ќе биде Олаф Печковски од Полска.

Ќе потсетиме, на претходниот турнир Ивановски загуби во финалето од Моез Ечаргуи. Во овој момент Ивановски се наоѓа на 534. место на АТП листата што е негов најдобар пласман во кариерата.

Прво финале во 2023: Калин ќе игра за титула на турнирот во Тунис

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот