Калифорнија: Во инцидент со пукање загинаа тројца и 12 се повредени

полиција САД/ Фото: МИА

Три лица загинаа, а 12 се повредени во инцидент со пукање на Фестивалот за лук во Гилрој Сити, Калифорнија, објавија светските агенции.

Фестивалот се одржува секоја година и трае три дена. Гилрој, 176 километри југоисточно од Сан Франциско, е место на илјадници љубители на лук и вкусна храна.

Според очевидци, празникот се претворил во кошмар, луѓето во паника бегале кога се слушнале пукотници.

Дион Брако, член на локалниот општински совет, за „Њујорк тајмс” изјави дека има осомничен за пукањето, околу 30-годишен маж, кој е уапсен.

Засега нема повеќе детали за евентуалните мотиви за настанот, кој се случи последниот ден од фестивалот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот