Калифорнија со 6.000 пожарникари го гасне еден од најголемите пожари во својата историја

Пожарот во калифорнија бил предизвикан на 24 јули од пироман кој турнал запален автомобил во ров во близина на Чико. Оттогаш, изгорени се повеќе од 162.200 хектари земја или површина поголема од градот Лос Анџелес.

Повеќе од 6.000 пожарникари и натаму се борат со огромниот пожар, што досега прерасна во четвртиот по големина во историјата на Калифорнија.

Жештината воопшто не носи олеснување на ситуацијата, а властите соопштија дека пожарот е локализиран 27 отсто.

-Имавме грмотевици кои ни зададоа проблеми, рече Кристофер Јанг, портпарол на Калифорниското одделение за шумарство и заштита од пожари.

Пожарот во калифорнија бил предизвикан на 24 јули од пироман кој турнал запален автомобил во ров во близина на Чико. Оттогаш, изгорени се повеќе од 162.200 хектари земја или површина поголема од градот Лос Анџелес.

Уапсениот 42-годишен маж се изјасни за невин, но беше обвинет за подметнување пожар и е задржан без кауција, соопштија официјални лица.

Од избувнувањето на пожарот, пред 11 дена, досега се уништени над 560 домови и други објекти.

– Пожарот вчера беше локализиран 27 отсто, соопштија властите и додадоа дека „се потребни два до три часа за да се стигне до опожарените линии поради нерамниот и непристапен терен“.

Дел од пожарникарите со хеликоптери се превезуваат до опожарените линиии, а некои се очекува таму да останат со денови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот