Калифорнија ќе ослободи 3.500 затвореници поради опасност од ширење Ковид – 19

Американската сојузна држава Калифорнија денеска го објави планот за порано  ослободување на 3.500 затвореници, загрижена за нивната безбедност поради опасноста од ширењето на коронавирусот, јави ДПА. 

Четворица затвореници и 25 вработени веќе биле позитивни на тестирањата за заразата, се наведува во соопштението на Одделот за корегирање и рехабилитација.

„За да се ослободат капацитетите на затворите, затворениците со помали преостанати казни треба да бидат ослободени на условни казни”, се наведува  во соопштението на Одделот, пренесува агенцијата.

„Затворениците кои отслужуваат казни за насилен криминал, семејно насилство или сексуални престапи нема да бидат ослободени”, се додава во соопштението.

Дополнително, треба да се суспендира приемот  на нови затвореници од окружните затвори, со што се предвидува популацијата во затворите да се намали за 3.000 во рок од 30 дена.

„Персоналот ќе има задолжителни проверки на температурата пред да влезе во затворите”, се наведува понатаму во соопштението на Одделот за корегирање и рехабилитација.

Со повеќе од 120.000 затвореници, затворите во оваа држава на американскиот западен брег, се пренаселени. Адвокатите на затворениците и активистите вршат притисок за нивно порано ослободување, во услови на зголемени случаи на коронавирус.

Калифорниските власти неодамна ги прекинаа посетите на затворите од страна на членови на семејствата, пренесува ДП

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот