Калеска-Ванчева: Законот за јавно обвинителство може да биде добар само ако биде донесен со консензус

Новиот предлог закон за јавно обвинителство нема суштински разлики во однос на претходниот, изјави денеска пратеничката Снежана Калеска-Ванчева од СДСМ, но додава дека не би сакала да коментира пред за него да се разговара и да се изјасни опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Доставен е нов изготвен предлог на закон за јавно обвинителство до најголемата опозициска партија за да го разгледаат и да дадат свое мислење и да се донесе закон. Искрено се надевам дека ова ново понудено законско решение ќе биде прифатливо за да седнеме и онака како што налага Деловникот, низ конструктивна собраниска расправа да донесеме закон, консензуално, бидејќи ваков закон може да биде добар само ако биде донесен со консензус, изјави Калеска Ванчева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот