Калеска Ванчева: Нема вистински општествен напредок, додека не се овозможи вистинска еднаквост меѓу мажите и жените

Снежана Калеска Ванчова во гостување на ТВ24 / 22 септември 2021 / фото: ТВ24/принтскрин

Пратеничката на СДСМ и претседателка на Форумот на жени на партијата, Снежана Калеска Ванчева, во дебатната емисија 24 анализа на ТВ 24, посветена на улогата на жените во политиката, истакна дека години на ред во СДСМ се прават вистински чекори во оваа насока, но за жал можеби работите не се менуваат со посакуваната брзина.

СДСМ го почна тој процес, направи статутарни реформи, формално правно и суштински преку кодексот и преку насоки влијаеше и влијае на менувањето, СДСМ предводи во она што значи реформи на она што значи едно општество за сите, се уште не сме ја постигнале целта, но ние почнавме од нашите редови во нашата партија, а за жал тоа не го видовме во другите партии, рече Калеска Ванчева.

Таа вели дека додека не беа воведени квоти во Изборниот законик, „парламентот беше костум-вратоврска и тук-таму по некоја жена, но со квотите почна разноликоста, а со тоа нашето општество не изгуби“.

„Таа лекција треба да ја научиме и треба да ја примениме како општество, и кога ќе имаме да имаме општ политички консензус дека ова општество не може да има вистински напредок, додека не овозможиме вистинска еднаквост меѓу мажите и жените“, нагласи Калеска Ванчева.

Во врска со евентуалните напади врз жените во текот на претстојната кампања, Калеска Ванчева рече дека Форумот на жени на СДСМ, како и целата партија, „даваат вистински одговор на било каков обид за насилство и насилство што ќе се случува и не само во текот на кампањата, а особено внимание ќе се обрне во текот на кампањата, но и понатаму“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот