Калеска-Ванчева: Аргументите за укинување на Пржинската влада се доказ дека институциите функционираат

„Нашиот став за техничката влада е конзистентен. Апсолутно поддржуваме предлогот да дојде на дневен ред и да се отвори прашањето, по што сите треба да се согласиме. Аргументите се за укинување на Пржинската влада и со тоа покажуваме дека институциите сега функционираат, не се заробени“, кажа пратеничката од СДСМ, Снежана Калеска-Ванчева во емисијата „Вин вин“ на Телма.

Таа додаде дека Пржинската влада е инструмент воведен во 2016 година, бидејќи тогаш тоа било потребно поради партизираните и заробени институции од тогашната власт и заробената држава.

„Сите прашања поврзани со изборите, политиките и законите мора да бидат отворани и затворани во Собранието. Тоа е ставот на СДСМ од самиот почеток, но треба да постои и консензус помеѓу сите политички чинители, особено оние претставени во Парламентот“, вели Калеска-Ванчева.

Пратеничката истакнува дека како и во целиот демократски свет, така и кај нас изборите треба да ги спроведува власта која е актуелна и се надева дека сите политички партии ќе го сфатат тоа и на крајот ќе се стигне до решение со консензус со вистински аргументи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот