Календарскиот Гран слем ми е во мислите

EPA-EFE/KIKO HUESCA

Новак Ѓоковиќ по рутинската победа над Хуркач во три сета (6:4,6:2,6:2) призна дека во последните неколку месеци постојано размислува за освојување на календарски Гран слем.

Најдобриот светски тенисер, е актуелен победник на три од четирите Гран слем турнири, Вимблдон, УС Опен и Австралија Опен и со триумф во Париз, по втор пат би бил победник на сите големи турнири.

– Тоа ми е во мислите уште од јануари годинава кога победив во Австралија. Сам си ја дадов оваа можност, и тоа ми претставува голем поттик за добри настапи тука во Париз. Имам големи амбиции, тоа не е никаква тајна, но морам да останам фокусиран и да одам чекор по чекор – вели Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот