Калчолигашите се кренаа на нозе: Сите 20 екипи тргнуваат во борба против расизмот

принтскрин

Сите 20 екипи кои настапуваат во Серија А објавија заедничко писмо адресирано до навивачите во Италија, во кое бараат да се стави крај на расизмот на стадионите.

Во последните неколку години, црномурестите фудбалери се честа мета на расистички напади и навреди од навивачите кои дури немаат милост ни кон репрезентативците како Марио Балотели и Моисе Кин.

Сезонава, Ромелу Лукаку од Интер се најде на удар на навивачи на Калјари, а Кин на истиот стадион минатата година беше навредуван.

Натпреварот од минатиот месец помеѓу Аталанта и Фиорентина беше суспендиран поради расистички извици од трибините. Дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали, сакаше да го напушти теренот откако беше навредуван на расна основа.

„Мора да признаеме дека имаме сериозен проблем со расизмот. Ова претставува проблем бидејќи во изминатите години не направивме доволно во борбата против расизмот. Сликите од фудбалерите кои се навредувани и навивачите кои не се срамат од своите постапки ги виде целиот свет и ние се срамиме поради тоа. Ние клубовите сме обединети во нашата желба за сериозни промени и лигата е подготвена да испорача анти расистичка политика со нови закони и регулативи и план за едукација на навивачите кои го пропагираат расизмот. Немаме повеќе време за губење“, стои во дел од писмото на сите 20 екипи од Серија А.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот