Калчолигашите не се откажуваат од Трајковски

EPA/CLAUDIO GIOVANNINI

На крајот од месецот започнуваат возбудувањата во Серија А, а можно е „колонијата“ македонски фудбалери во италијанската елита да биде зголемена за уште еден наш фудбалер.

Горан Пандев е веќе стандарден во Џенова, а после Елиф Елмас (Наполи) и Илија Несторовски (Удинезе), летово Трајковски би можел да биде третиот Македонец по ред што ќе биде дел Калчото.

И претходно се шпекулираше околу иднината на досегашниот член на Палермо кој е исфрлен дури во Серија Д. Се објавуваа информации дека понуди има од Спортинг Лисабон и Милан.

Денеска повторно нови понуди за Трајковски, три калчолигаши застанаа во трката за потписот на напаѓачот, тие се Верона, Лече и Бреша, пренесуваат италијанските медиуми.

Лани во Серија Б за Палермо имаше учинок од осум голови и 12 асистенции. За две сезони во Серија А со тој клуб од 43 мечеви имаше четири погодоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот