„Калчо Меркато“: Јувентус ќе купува од Реал Мадрид!? – Слободен печат
СпортФудбал

„Калчо Меркато“: Јувентус ќе купува од Реал Мадрид!?

Иско има уште една година од договорот со „кралевите“ и можно е неговата вредност да се намали...

Италијанскиот фудбалски шампион Јувентус е заинтересиран за играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Иско, објави „Калчо Меркато”.

Клубот од Торино ја разгледува можноста за трансфер на играчот од средниот ред на шпанската репрезентација на крајот на сезоната.

Неговата вредност се проценува на 75 милиони евра, но може да се намали. Иско има договор со Реал до летото 2021 година.

Неодамна, поранешниот фудбалер на Јуве, Андреа Пирло изјави дека на шампионите на Италија им треба играч како Иско.

Во својата кариера шпанскиот репрезентативец беше дел уште од екипите на Малага и Валенсија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close