Калараш пред кам бек во Вардар

Глеб Калараш по само неколку месеци откако го напушти европскиот шампион ќе се врати во Скопје. Иако се уште не е официјализиран, нема сомнение дека Калараш ќе потпише договор со тимот со кој триумфира во Лигата на шампионите.

Со доаѓањето на Калараш, тренерот Писонеро добива огромно засилување во одбраната бидејќи рускиот ракометар беше еден од најдобрите дефанзивци минатата сезона во Лигата на шампионите.
Калараш веднаш по завршувањето на сезоната се пресели во редовите на Мотор Запорожје но рускиот репрезентативец веднаш зажали за ваквата одлука и по делумното средување на финансиската криза изрази желба да остане.

Но, Мотор инсистираше на отштета, што го натера Русинот да не се појави на првата прозивка на украинскиот првак. Денеска конечно бил постигнат договор за прекин на соработката со Мотор и Калараш е слободен да се врати во Вардар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот