Калајџиев: Со жалење констатирам дека СЈО се злоупотреби за да се бутне ВМРО-ДПМНЕ

Професор Гордан Калајџиев

Професорот Гордан Калајџиев вели дека Катица Јанева нема овластување ни во нормални услови, а не пак во притворски да ги делегира предметите на Специјалното јавно обвинитлетво на друго обвинителство, како што тоа го направи со полномошно испратено од затвор.

-Таа овие предмети ги добила со закон и мора да ги работи. Во случајот има поднесено оставка и не може да се однесува во стилиот после мене потоп. Можеше да се избере нов јавен обинител, но најстрашно е што за такво нешто не постои интерес. Очигледно ова е крај на СЈО, не постои интерес во земјава да има самостојна и независна институција за борба со корупција. На крај мора да признаам со жалење дека СЈО е само злоупотребено за да се бутне ВМРО-ДПМНЕ од власт – вели Калајџиев.

Ако предметите се предадат постои опасност да се развлечкаат и да пропаднат.

-Разочарам сум што и по четири години не дознавме кој прислушувал во Македонија – потенцира професорот.

Калајџиев вели дека СЈО може да довери некој предмет на друго обвинителство, но тоа би било еден конкретен предмет, а не сите.

-Никаде во законот не е предвидено СЈО да ги предаде сите предмети, особено не во ваква ситуација каде на Јанева практично и е завршен мандатот и каде нема политичка волја да се избере нов обвинител. Политичките партии треба да кажат зошто немаат интерес СЈО да продолжи да работи. Постои законска обврска три месеци пред истек на мандатот на Јанева да се избере нов обвинител. Тоа што таму негде се прави нов закон, не треба да ги спречи во почитувањето на оној закон што веќе е на сила – вели Калајџиев.

На прашањето, дали зад сите превирања за СЈО има политичка игра, тој вели дека веројатно Јанева исполнува нечии желби.

-Допрва ќе видиме зошто СЈО се закопува и што има таму да се крие – рече Кајалџиев.

Тој го праша и меѓународниот фактор, кој, како што рече, од петни жили го поддржуваше СЈО, зошто сега дозволува оваа институција да се закопа.

-Најисправно е СЈО да продолжи да работи со в.д. обвинител и по актуелниот закон да го заврши мандатот. Може СЈО како посебно обивнителство да се стави во рамките на редовното. Но во предлог-законот нема ни трага од сето тоа. Сега се враќаме на ситуација како од пред четири години. СДСМ не дојде на власт со такво ветување – вели Калајџиев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот