Калајџиев: Оваа работа бара многу енергија, Јовески може да се пензионира – Слободен печат
ВестиМакедонија

Калајџиев: Оваа работа бара многу енергија, Јовески може да се пензионира

Професорот Калајџиев во своето гостување додаде дека од СЈО останале многу нерешени проблеми, но и останале еден куп нерешени проблеми и во обвинителството.

Во вечерашното гостување во емисијата „Топ Тема“ професорот, Гордан Калајџиев на прашањето дали јавниот обвинител Јовевски треба да излезе во јавноста и конечно да објасни што тој презел, што пренел како надлежност на постојните обвинители, а што е оставено да виси во правен вакум одговори:

-Јовевски си има отворени услови за пензија и најдобро е да си оди во пензија. Нема лидерски капацитети, ова е работа која што бара многу енергија и многу одлучност, не одат за џабе луѓето во пензија кога ќе клапнат-рече Калајџиев во вечерашната емисија „Топ Тема“ на „Телма’ Телевизија.

Професорот Калајџиев во своето гостување додаде дека од СЈО останале многу нерешени проблеми, но и останале еден куп нерешени проблеми и во обвинителството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close