Какво потценување, Црвена звезда е тим во кој играат водоинсталатери

Стивен Ворнок при анализата на групата во која се наоѓаат Тотенхем, Баерн Минхен, Олимпијакос и Црвена звезда, ги навреди фудбалерите на српскиот тим велејќи дека дел од нив се водоинсталатери.

– Тоа што сигурно ќе го добиете на гостувањето кај Црвена звезда се многу страствени играчи. Тоа е место на кое навивачите прават одлична атмосфера која не е пријатна за гостинските екипи. Фудбалерите се „полуаматери“’, а порано беа европски шампиони, некои имаат други работи како водоинсталатери, а дел се запослени на одредено време. И тогаш сфаќате дека минатата година играа во Лигата на шампионите.

Одговорот од Црвена звезда дојде експресно и тоа преку социјалните мрежи.
„ Ни треба чирак ако бараш работа“, напишаа на „Твитер“ од Црвена Звезда.

Ворнок кој со ова тврдење покажа дека не ги следи состојбите во фудбалот надвор од Англија, се најде на удар на социјалните мрежи, каде фановите ширум Европа му „фаќаа“ сеир.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот