Какво понижување за Роналдо, ниту португалските новинари не гласаа за него во изборот за „Златна топка“

Поради неверојатен пропуст на УЕФА се повторува жрепката за ЛШ/ фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Кристијано Роналдо ќе сака што побрзо да ја заборави оваа година, а круната на лошата 2021 година на клупски и на репрезентативен план беше изборот за „Златната топка“ каде за прв пат по 2010 година не е избран меѓу најдобрите четворица фудбалери.

Роналдо на крајот заврши на шестото место. Згора на тоа, Роналдо доживеа големо понижување од португалските новинари кои не гласаа за него во изборот за „Златната топка “.

Новинарот Жоаким Рита кој работи за португалскиот ТВ канал СИЦ, не го даде својот глас за Роналдо, туку гласаше за Нголо Канте, Роберт Левандовски, Килијан Мбапе, Жоржињо и Мохамед Салах.

За Роналдо гласаа новинарите од Кајмански острови, Холандија, Турција, Никарагва, Киргистан и Централноафриканската држава. На крајот Роналдо доби само 178 поени, додека победникот Меси 613 гласови, 33 повеќе од Роберт Левандовски кој заврши на второто место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот