Какво кафе ви е омилено? Еве што кажува изборот на оваа „магична“ напивка за вас!

Што значи вашиот омилен избор на кафе?

Кафето е еден од оние пијалоци за „везден“. Наутро за будење, попладне за подобрување на енергијата. Со кафето секогаш одат добри разговори, дружба, смеа, споделуваме тајни, приказни и уживаме во неговиот вкус.

Изборот на омилено кафе може да ни укаже на неколку занимливи факти за личноста – зависно од тоа кое кафе го преферирате, можете да дознаете и како ве доживуваат другите.

Еспресо

Ако најмногу сакате еспресо, тоа значи дека навистина сте уживател во вкусот на кафето, бидејќи еспресото има најинтензивен вкус. Вие сте силна, традиционална личност. Посветени на работата, одговорни и фокусирани. Знаете и да се опуштите, но најчесто во семејниот круг.

Нескафе

Луѓето што сакаат нескафе се најчесто оние што последни донесуваат одлука. Не сакаат да се замараат многу многу со другите луѓе и најчесто и своите проблеми ги туркаат под тепих. Уживаат во лежерен, забавен живот без многу одговорност. Сакаат комфор и уживаат во шлагот на врвот на нескафето. Овие луѓе би живееле покрај море цел живот.

unsplash
кафе/Unsplash

Капучино

Најголемата магија на капучиното е неговата пена – вкусна, кремаста, сочна. Капучиното го пијат вистински хедонисти кои не сакаат метеж и хаос. Уживаат во ретки спокојни средби со најблиските, и се занимаваат со креативна работа која им овозможува мир и слобода. Имаат софистицирано срце и развиен стил. Омилени се во друштво и искрени.

Турско кафе

Љубителите на ова можеби најпопуларно кафе во регионов се минималисти. Тие се практични, едноставни и си го „тераат“ животот со наједноставни емоции. Непосредни, фокусирани на факти и реалноста, овие кафеџии се едни од најдобрите пријатели во вашата средина, но бираат со кого ќе ја споделат својата омилена трач-партија со кафе.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот