Какво „Ел Класико“, сите зборуваа за „небесниот“ скок на Роналдо! (ВИДЕО)

фото: твитер

Sвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо, уште еднаш го воодушеви фудбалскиот свет со своите вештини.

На ден кога се очекуваше сите да зборуваат за „Ел Класико“, Португалецот го привлече целото внимание.

Тој го постигна победоносниот гол во победата од 2:1 над Сампдорија во 17. коло од Серија А, а во моментот на постигнувањето на голот, Роналдо се наоѓал на височина од 2,56 метри или скокот на ѕвездата бил 71 сантиметар.

– Сериозно, скокнав на таа висина? Не бев свесен за тоа. Јас сум многу задоволен од резултатот, беше тежок натпревар, но мило ми е што помогнав – изјави играчот.

Во Твитер профилот на Јувентус пак се појави шеговит пост: „Сите скокаме (2,56) од радост вечерва заедно”.

Роналдо веќе има голови на 5 последователни средби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот