Какви временски услови нѐ очекуваат денеска?

Врнежливо време, луѓе со чадори / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Управата за хидрометеоролошки работи излезе со информации за временските услови денеска.

Минималните температури ќе бидат: (во °С)
-5 Берово, -4 Крива Паланка, Скопје-Петровец, Маврови Анови, Лазарополе, -3 Велес, Демир Капија, -2 Кавадарци, Попова Шапка, Крушево, Струмица, Прилеп, Куманово, Скопје-Зајчев Рид, Битола, Штип, -1 Охрид, Виница, 0 Тетово, Дебар, 1 Претор, Гевгелија.

Висината на снежната покривка во 07 часот била:  (во сm)
40 Попова Шапка, 27 Маврови Анови, 4 Крушево.

Какво било времето во текот на ноќта а каков изутринава?
Во првиот дел од ноќта преовладуваше претежно ведро време и температурата брзо се намалуваш до околу нулата. Потоа од запад се прошири зголемена облачност, а почна да дува претежно слаб југоисточен ветер. Утринава во котлините понекаде има магла или ниска облачност.

Какви временски услови нѐ очекуваат денеска?
Променливо облачно, наутро со услови за магла или ниска облачност по котлините. Од пладневните часови од запад ќе се прошрат повремени врнежи од дожд, а на планините особено во западните делови врнежите ќе бидат од снег. Повремени врнежи ќе има и преку ноќта. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер претежно од југоисточен правец.
Максималната температура ќе достигне од 6 до 14 степени.

Во Скопје умерено до значително облачно од пладневните часови со услови за краткотарен дожд во делови од котлината. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот