Какви се реакциите на српските политичари за здравствената состојба на Вучиќ?

Освен краткото соопштение утринава испратено од Генералниот секретеријат на српскиот претседател, во кое се наведува дека „Александар Вучиќ поради кардиоваскуларни проблеми е примен на Военомедицинската академија (ВМА) и потврдата на неговата советничка, Сузана Васиљевиќ, дека неговата здраствена состојба е стабилна и поради мерките на претплазливост тој се уште се наоѓа на ВМА, во Србија сеуште нема официјални информации, ниту за конкретните причини за синоќешното влошување на здравјето на српскиот претседател, ниту кога ќе биде пуштен дома.

Дали денес или утре- ќе зависи од проценка на лекарите, изјавија од неговиот Кабинет.

Вучиќ деновиве водел исклучително активна дипломатска и внатрешно-политичка активност, уште од состанокот за т.н. „мал шенген” во Охрид, потоа во Париз на Мировната конференција и средбите со фанцускиот претседател Емануел Макрон и потоа во Белград со делегацијата на Европскиот парламент околу партискиот дијалог за престојните избори и ангажманот во медиумите со аферата за продажба на оружје и фамилијарната поврзаност на министерот на полицијата Небојша Стефановиќ.

Според медиумите, најверојатно српскиот претседател имал проблеми со високиот крвен притсок, што не е прв случај и се должи на неговиот прекумерен политички ангажман.

На тоа посочуваат и реакциите од неговите блиски соработници.

Така, министерот за финансии Синиша Мали, на Инстграм профилот напиша:

„Поддршка за мојот пријател и нашиот претседател Александар Вучиќ. Брат мој, знам дека не ги сонуваат сите нашите соништа и дека карактерот не ти дозволува долго да одмараш, но те молам повеќе да се грижиш за себе. Продолжуваме да се бориме … За подобра и поуспешна Србија“, напиша Мали.

Со слична порака се огласи и министерот за одбарана Александар Вулин, кој порача дека „сè ќе биде добро, затоа што Александар Вучиќ е силен и тврдоглав, а не затоа што ги слуша лекарите”.

Запрашан за здравјето на претседателот на Србија, Вулин за ТВ Пинк рече дека „Вучиќ е многу храбар и силен човек, но дека не се грижи за своето здравје и дека лекарите, како што вели, можат да му приоѓаат само на прослави и на официјални настани.”

– Тој многу работи, малку спие и малку одмара – изјави Вулин кој додаде дека Вучиќ се однесува како секој граѓанин и дека поради него не е свикан конзилиум, ниту се прави медицински тим на ВМА за негово лекување, изјави Вулин.

Покрај подршката од останатите соработници, со реакција преку соопштение се јави и вицепремиерката Зоранаа Михајловиќ, која реагираше на негативните коментари на социјалните мрежи во Србија за здравствената состојба на Вучиќ, „кои се неспоиливи со човечноста, пристојноста и стремежот на Србија да биде толерантно општество.”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот