6 C
Скопје

Какви се придобивките за здравјето со внесување на соја во исхраната?

Сојата е мешункасто растение кое доаѓа од источна Азија и над 5000 години во ориенталниот свет се користи како важен извор на протеини. Во Западот е распространета во 20 век.

Како билка сојата успева на разни земјишта и во разни климатски услови од тропски како во Бразил, до зимски како на островот Хокаидо во северна Јапонија. Кога ќе созрее нејзините плодови се суви и тврди со жолта боја, но има и ретки сорти кои се црни, кафеави или зелени.

Сојата е растителен производ кој се препорачува за сите кои сакаат да се хранат здраво. Има висока содржина на целулоза, лецитин, омега 3 масни киселини, фитоестроген и изофлавон. Во нејзин состав влегуваат витамини А,Ц, Е, Х, Б6, Б9, Б12 и многу минерали. Во неа има толку протеини што со право се смета месо за вегетаријанци.

Прочитајте и...  Славниот модел се огласи на социјалните мрежи еден месец откако го роди својот син

Производи од соја

Свежата соја се чува во фрижидер и треба да се искористи во рок од два дена. Замрзната може да се чува неколку месеци, а сушена ако е херметички затворена може да се чува подолго време. Употребата на сојата најчесто се поврзува со нејзината преработка и трансформација во други производи како што се темпех, тофу, млеко од соја, мисо и други производи. Покрај тоа варената соја може да се користи како состојка во разни чорби, сосови и манџи. Најпознати производи од соја се:

Соја сос – зачин кој многу се користи во јадења од месо и зеленчук.

Путер од соја – предноста на овој путер е дека нема холестерол. Има природен вкус и богат е со важни масни киселини. Најчесто се користи за изработна на разни маринади за салати, а фактот дека е издржлив на високи температури од 180 степени нагоре, прави овој путер да е добар за печење на грил или пржење. Се користи и за динстање.

Прочитајте и...  Вељко Ражнатовиќ со моќна порака му го честиташе роденденот на Аркан, Инстаграм му ја избриша

Тофу – или сирење од соја кое ја носи титулата „цар на производите од соја“. Има многу широка примена во кулинарството –печено, рендано или во комбинација со зеленчук. Тоа може да се маринира со соја сос или маслиново масло и зачини, а се добива сирење со силна арома и вкус. Имајте во вид дека тофуто има особина да впива други ароми.

Зрната соја – пржени или печени се мноу популарни како ужина. Ако сакате да се храните здраво бирајте печена соја без сол.

Соиното млеко – исто така е сè повеќе популарно, особено меѓу веганите. Тоа е добар избор и за лица кои се нетолерантни на лактоза.
Соиното брашно – може да се користи за сите јадења во кои се става пченично брашно, но сепак е потребно да се меша со него.

Прочитајте и...  Турболентниот живот на Канје Вест: Сѐ уште чувствува вина за смртта на неговата мајка

Корист од сојата

Сојата е многу корисна за здравјето, поради протеините кои ги содржи. Таа го подобрува здравјето на коските, го намалува ризикот од срцеви заболувања, појава на холестерол или запушување на крвните садови. Помага во спречување на некои облици канцер. Секако треба да се обрне внимание при купувањето соја потеклото на производите, затоа што таа има потенцијал да биде генетски модифицирана.

Поврзани вести

Вељко Ражнатовиќ со моќна порака му го честиташе роденденот на Аркан, Инстаграм му ја избриша

Слободен печат

Славниот модел се огласи на социјалните мрежи еден месец откако го роди својот син

Слободен Печат

Северина по 17 години проговори за секс-снимката од јахтата

Слободен Печат

Турболентниот живот на Канје Вест: Сѐ уште чувствува вина за смртта на неговата мајка

Слободен Печат

ВИДЕО| Ана Николиќ позираше топлес: Нејзините обожаватели се прашуваат за што станува збор

Слободен Печат

Во продолжението на „Сексот и градот“ се враќа старата љубов на Кери Бредшо

Слободен Печат

Остави Коментар