Какви модни комбинации сакате, какви нијанси носите, ви го откриваме стилот и карактерот само со еден поглед

Не напразно се вели „облеката го прави човекот“. Или сепак, не? Но сигурно е дека стилот ни го открива карактерот.

Гардеробата која ја носите, смелите или умерени модни комбинации, нијансите кои ги одбирате, трендовските модни парчиња од актуелната понуда или „баш ми е гајле“, упатен познавач на модата може да ве разоткрие на прв поглед.

Ако преферирате црно 

Ако често носите црно не значи дека сте здодевна личност, напротив. Иако многумина ќе помислат дека секогаш сте исто облечени. Црната боја е „класик“ и никогаш нема да излезе од мода, исто како и вие кои ја носите. Вие сте супер личност, но понекогаш се плашите да се отворите. Поради тоа на луѓето им делувате како недопирливи.

Важно е да е трендовско

Тие што постојано ги следат модните трендови и според трендот ја одбираат облеката, немаат некој типичен свој стил на облекување. Гардероберот ви е полн со најразлични и најшарени парчиња облека. Вашата гардероба за вашиот карактер вели дека сте духовити и отворени, а пријателите ве сакаат бидејќи знаете да се забавувате и имате „заразна“ добра енергија.

Класична облека

Кај вас нема експериментирање. Нема шарени принтови, асиметрични дизајни па дури ни „скинати“ фармерки. Маичките и кошулите ви се еднобојни, а најчесто ги комбинирате со панталони или фармерки. Како личност сте искрени и сите веднаш знаат на што се со вас. Не ги сакате игрите, а луѓето ве сакаат поради тоа што знаат дека во вас можат да имаат искрен пријател од доверба, дури и при „најзамрсените“ проблеми.

Предимензионирано

Вашите џемпери, јакни, фармерки, маички…се предименизонирани. Тоа е многу разбирливо зашто таквите модни парчиња се многу пријатни за носење. Кај вас важи правилото – важно е да е удобно. Како во модата, така и во животот. Секогаш го одбирате пократкиот пат наместо да се борите со проблемите. Познати сте по тоа дека редовно имате некое добро решение. Поради тоа пријателите ве обожаваат и кај вас доаѓаат со своите проблеми зашто знаат дека ќе добијат корисен совет.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот