Какви економски одлуки донесе вчера Владата? Работодавачите особено ќе ги интересира ОВАА финансиска поддршка

Владата на вчерашната седница донесе одлуки повразни со исплатата на пензии и социјална помош на депонентите на Еуростандард банка, како и на оние што тоа го правеа преку Пошта, а донесе и одлуки кои почнуват да го дефинираат четвртиот пакет на мерки.

Утврдени дополнителните термини за пензии и социјални трансфери

Од 26 август до 1 септември, во четири групи, зависно од висината на пензијата ќе се врши редовната исплата на пензии на оние што земаа пензија преку Еуростандард банка, или преку Пошта, а отворија трансакциска сметка во некоја друга банка. Ако во тоа не успеале до утврдениот рок, Владата информираше дека им препорачува на деловните банки да обезбедат други дополнителни исплати за августовските пензии на 7-ми, на 14-ти или на 25-ти септември.

Редовната исплата на паричните права од социјална заштита, заштита на децата и згрижувачките семејства за август ќе се врши во 3 групи – на 2-ри, 3-ти и 4-ти септември, a дополнителнa исплата  ќе се врши на 11, 18 и 25 септември.

Прочитајте и...  Како Заев ја обедини Македонија

Владата го прифати и заклучокот на Македонска банкарска асоцијација во соработка со деловните банки да изготви урнек на полномошно за лицата кои не се во можност да дојдат во банката, Но, како што пишуваше „Слободен печат“, ваков урнек имаат најголем дел од банките, а дел од граѓаните кои не можат од здравствени причини да дојдат во банка, повикаа нотар дома, за да им го завери полномошното. За оние банки кои немаа готов урнек, полномошното го подготвуваше нотар, но тоа ги чинеше поскапо.

Владата информираше и дека на седницата побарала од  Македонската банкарска асоцијација да и достави информација за деловните банки кои имаат склучено договор со Македонска пошта, дали овие договори се применливи за исплата на паричните права од социјална заштита, заштита на децата и згрижувачките семејства, како и да информираат кои банки планираат да склучат договор со Македонска пошта за вршење исплата до нивниот дом.

Прочитајте и...  Стигнаа резултатите од втората руска вакцина: Нема компликации кај доброволците

Фирмите да добиват пари за родителите што не одат на работа

Владата донесе заклучок да се разгледа можноста да се обезбеди финансиска поддршка за работодавачите, преку Фондот за здравствено осигурување, или преку нов пакет на економски мерки, за родителите на деца кои се запишани во училиште и се до 10-годишна возраст, а во моментот се ослободени од работа и работни активности преку користење на мерките донесени од страна на Владата, имајќи предвид дека тие ќе останат дома доколку нивните деца следат он-лајн настава.

Дополнително, Владата ги задолжи Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука и Министерството за информатичко општество и администрација, да ги разгледаат можностите да се предвиди и извршување на работа со скратено работно време или работа во смена за оваа категорија на лица кои во овој момент се ослободени од извршување на работа и работни активности со физичко присуство на работното место.

Прочитајте и...  Пендаровски: Излегов со изјава која содржеше општа рамка за можен компромис, ме изненадија реакциите од бугарска страна

По поплаките, дополнителни картички и ваучери

Владата ги задолжи надлежните институции да утврдат решенија за остварување на правото за домашна платежна картичка, односно ваучер за туризам,  за секој граѓанин што ги исполнува условите, Овие решенија треба да се земат предвид при креирање на четвртиот пакет на економски мерки. Ова е резултат на поплаките на граѓаните и отворените прашања поврзани со имплементација на мерката за домашни платежни картички и ваучери за туризам, информираше Владата.

 

Поврзани вести

Повеќе од 1.300 луѓе биле погрешно информирани дека се позитивни на ковид-19

И.И.

Хрватски пратеник сподели фотографија од жени наредени пред Зара, била лажна, но не толку далеку од вистината

Слободен печат

ВИДЕО: Трамп одржа уште една новинарска лекција: Никогаш не зборувајте на претседателот на таков начин

И.И.

Вандализам во Охрид: Оштетен споменикот на жртвите од несреќата на бродот „Илинден”, МНР со осуда на инцидентот

Слободен печат

Тројца странски државјани уапсени на Косово во врска со убиство во Босна и Херцеговина

Илинка Иљоска

Заев под „вкрстен“ оган

Слободен печат

Остави Коментар

MacedonianAlbanian