Какви безбедносни мерки ги очекуваат тенисерите на УС Опен

EPA-EFE/JUSTIN LANE

Грен слем турнирот во Њујорк ќе се одржи во предвидениот термин, од 31. август до 13. септември.

Организаторите на последниот грен слем во сезоната одлучија да нема никакво одложување иако Њујорк е еден од најпогодените градови во светот од пандемијата на коронавирусот.

Можноста од милионски загуби како и големиот притисок од спонзорите, ги натера челниците на тениската федерација на САД (УСТА) да направат повеќе отстапки за да не останат без најдобрите тенисери и тенисерки кои се заканија дека нема да играат во Њујорк доколку не се најде некаков компромис.
Советот на тенисери минатата недела на три ипол часовен состанок разговараа за сезоната, а очекувано Њујорк и УС Опен беа една од главните теми и тоа посебно мерките кои ги најавија организаторите.

На крајот организаторот на УС Опен попушти, одлучи да прифати дел од барањата на тенисерите кои предводени од Новак Ѓоковиќ за возврат најавија дека е можно да настапат во Њујорк.
Oрганизаторот се откажа од намерата тенисерите со себе да можат да имаат само еден член во тимот што е директен одговор на барањата на најдобрите играчи кои имаат цел тим од тренери, физиотерапевти, лекари, како и да не спијат во хотелите на аеродромот во Њујорк…

Играчите сами ќе одлучат како ќе пристигнат во Њујорк, тие ќе имаат право да користат по две соби во кои ќе може да отседнат по две лица. Од безбедносниот протокол за УС Опен е избришан делот кој се однесува на тоа колку лица од тимот на тенисерот ќе можат да присуствуваат на тренинзите и натпреварите.

Исто така, доколку сакаат тенисерите на свој трошок ќе можат да изнајмат приватно сместување во Њујорк со тоа што цената за три недели би била околу 40.000 долари.

За тенисерите и тенисерките е обезбеден транспорт од хотелите каде тие се сместени до тенискиот комплекс Флешинг Медоус, а автобусите ќе смеат да бидат исполнети само до 50 проценти од капацитетот.
За сите тенисери и тенисерки организаторот ќе обезбеди храна, не само додека се на тенискиот комплекс туку ќе можат да носат храна и во хотелите.

Ќе бидат оспособени дополнителни соблекувални и играчите ќе можат да ги користат тушевите доколку се држат до пропишаното растојание.
Тенисерите, тенисерките и нивните тимот ќе мора постојано да носат заштитни маски, освен кога ќе тренираат, ќе играат натпревари или кога ќе вежбаат во теретана.

Сите мора да бидат тестирани пред доаѓање во САД и по доаѓање во хотелот, а се очекува секој тенисер да биде тестиран најмалку два пати дневно.
Доколку има позитивен на ковид-19, тој ќе биде изолиран и ќе биде третиран според протоколот на Центарот за контрола на болестите во САД (ЦДЦ).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот