Каква зима ја очекува Европа? На исток ладно и многу снег, на север невреме, а еве како ќе биде на БАЛКАНОТ

Фото: Accuweather

Службата за временските услови AccuWeather објави на својата веб-страница долгорочна прогноза за претстојната зима.
 
Додека се очекуваат силни бури за Велика Британија, Скандинавија и остатокот од северна Европа пред почетокот на зимата, зимата на Балканот се чини дека ќе е блага – без силни температурни флуктуации и обилни врнежи од дожд.

Блага, мирна зима на Балканот
 
Иако ќе има многу невреме, снег и студени бранови во поголем дел од Европа, на Балканот се очекува прилично мирна зима.

„Ќе има бури, но тие нема да бидат толку изразени како минатата година“, предвидува метеорологот Џејсон Николс.

Наместо тоа, спорадично невреме ќе се појавува помеѓу продолжените суви периоди.

„Регионот може да има долги суви и топли периоди, проследено со невреме кое ќе трае една недела и потоа ќе се врати на сув временски период од две или три недели“, рече метеорологот Тајлер Ројс.

Невреме не се очекува ниту во Јадранот, тврдат метеоролозите AccuWeather.

„Тоа ќе додаде на оскудната сезона на снег на планините“, додаде Ројс.

Ледените бранови ќе се влошат во источна Европа
 
Најтешкиот зимски студ ќе влијае на источна Европа и источна Скандинавија.

Почетокот на зимата нема да го означи почетокот на силни и изразени ладни бранови, но тоа може да се случи пред крајот на зимата.

„Можеби ќе видиме неколку кратки ладни бранови во декември, но вистинската студ нема да се случи до подоцна во сезоната“, рече Ројс.

Поголемиот снег и студ се очекуваат кон крајот на декември и почетокот на јануари во областите од Финска до Украина. Обилен снег се очекува во областа до крајот на февруари. Студените бранови што стигнуваат до Европа во областа, исто така, може да ги погодат Полска, Словачка и Романија кон крајот на зимата.
 
Невремето во Велика Британија и северна Европа

Активен почеток на сезоната на ветрови е предвиден за британските острови, северна Европа и Скандинавија.

Оваа година, областа е веќе погодена од неколку бури, меѓу кои и бурата Лоренцо, која во еден момент беше ураган од категорија 5 над Атлантскиот Океан. Сепак, интензитетот на бурите нема да достигне врв до почетокот на 2020 година.

„Бурите ќе биде најактивни на почетокот на јануари“, вели метеорологот Ројс.

Бурите, исто така, се очекува да предизвикаат големи поплави во делови од Велика Британија, при што невремето се очекува да заврши кон крајот на февруари и почетокот на март.

– Вториот дел од зимата ќе биде многу помирен од неговиот почеток – предвидуваат метеоролозите.

Дождливо време од Португалија до Полска

Додека невремето ќе ја покрие северна Европа, обилните врнежи од дожд и снег треба да донесат олеснување во поголем дел од Европа – од Португалија до Полска – по силната суша во текот на летото.

– Реката Рајна повторно се исуши во текот на летото, а есента не донесе големи количини дожд за да помогне во справувањето со тешката состојба – велат метеоролозите.

– Иако Иберскиот Полуостров конечно ќе доживее олеснување од продолжените периоди на суша, обилните врнежи од дожд ќе додадат во бујна вегетација, што повторно би можело да предизвика проблеми и пожари во текот на пролетта и летото – предупредуваат метеоролозите.

Големи количини снег се очекуваат и на северните Алпи, поради што метеоролозите повторно предупредуваат за проблеми што може да се појават кон крајот на зимата кога снегот ќе започне да се топи, како што се лавините и поплавите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот