Каква улога играат маските во негата на кожата?

Маските како додатна нега на кожата се значајни за подобрување на квалитетот на кожата. Тие во зависност од видот и намената можат да го вратат изгубениот сјај, да помогнат во хидрирање на кожата, да го отстранат вишокот маснотии и да помогнат во подобрувањето на изгледот на порите. Тие се исто така одличен начин да се извлечат насобраните нечистотии во кожата.

ПОВЕЌЕ ЗА ЛИСТ-МАСКИТЕ

Покрај добропознатите домашни и индустриски произведени маски во вид на паста, постои и друга категорија на маски кои поради нивната практичност и ефикасност, дејството врз кожата и секако состојките, станаа многу популарни во светот, а потекнуваат од Јужна Кореја. Станува збор за маските кои се во вид на ткаенина прилагодена за лицето, натопена во серум со ефикасни хранливи состојки, или како што уште ги нарекуваат лист-маски, практични маски за една употреба.

КОЈА Е ПРИДОБИВКАТА ОД КОРИСТЕЊЕ НА ЛИСТ-МАСКИТЕ?

Вистинската моќ на лист-маските, уште наречени корејски маски, лежи во нивната способност да ги задржат сите оние активни состојки од маската на кожата. Кога ќе размислиме, течноста од повеќето производи за нега на кожата испарува по неколку минути од нанесувањето, додека кај лист-маските самата ткаенина го спречува брзото испарување на серумот што овозможува тој да се апсорбира подолго време во кожата за подобро пренесување на високо концентрираните активни состојки кои ја одржуваат кожата хидрирана. Овие резултати се видливи по само една употреба.

ДАЛИ ПОСТОИ ИДЕАЛНА МАСКА ЗА ВАШЕТО ЛИЦЕ?

Да, голема е веројатноста дека ќе ја пронајдете во продолжение. Доколку сакате да посветите пријатно време за нега на Вашето лице, изберете од широката палета лист-маски со навлажнувачка гел есенција кои ви ги препорачува Olpeo – продавницата специјализирана за корејска козметика, а тоа се лист-маските од линијата Joyful Time Essence Mask на корејскиот бренд Mizon.

Joyful Time Essence маските на Mizon веднаш ја хидрираат кожата, ги отстрануваат нечистотиите, ја прават кожата витална и чиста овозможувајќи услови за здрава кожа. Тие ја прават кожата посјајна и ја зголемуваат нејзината еластичност со што значително влијаат за  подобрување на целокупната  состојба.

Пружете ѝ среќни моменти на вашата кожа! MIZON Joyful Time Essence маските нудат повеќе варијанти со избор за секого за виталност и свежина на кожата на лицето.

  • СоMIZON Joyful Time Essence Mask – Vitamin лист-маската, богата со витамини, ќе и овозможите на кожата пријатна нега со витаминска есенција која ја прави кожата значително посјајна по употребата и ефикасно ја затегнува.
  • MIZON Joyful Time Essence Mask – Aloe,смирувачка и навлажнувачка во исто време, маска со есенција од лист од алое која има неверојатен навлажнувачки ефект врз кожата. Нежно ја смирува чувствителната кожа и ѝ дава свеж изглед.
  • MIZON Joyful Time Essence Mask – Olive,лист-маска со есенција од маслинка која кожата ја снабдува со потребната влажност и значително ја подобрува нејзината целокупна состојба, го штити надворешниот слој на кожата од сушење.
  • MIZON Joyful Time Essence Mask – Snail,лист-маска со хранлива есенција со слуз од полжав, ја подобрува влажната бариера на кожата и нејзината еластичност.
  • MIZON Joyful Time Essence Mask – Acai Berry е маска со есенција од асаи бобинки која ја подобрува виталноста на кожата, ја измазнува и чисти кожата со што го подобрува нејзиниот изглед.
  • За цврста и здрава кожа, користете јаMIZON Joyful Time Essence Mask – Acerola, маска со есенција од ацерола која ја подобрува еластичноста на кожата. Taa навлажнува кожата и ја подобрува нејзината состојба.
  • Виталност и навлажнет изглед на лицето е она кое можете да го очекувате веднаш по употребата на MIZON Joyful Time Essence Mask – Green Teaлист-маската со есенција од зелен чај која ја подобрува хидратацијата. Есенцијата од зелен чај ја снабдува кожата рамномерно со влажност и хранливи материи, ја измазнува кожата и го подобрува тенот.
  • Со MIZON Joyful Time Essence Mask – Bambooлист-маската побрзо ќе постигнете ефект на мазна и чиста кожа. Содржи есенција од бамбус која го подобрува балансот на влажност во кожата. Хидратантните и прочистувачки својства на бамбусот, на кожата ѝ даваат смирувачки ефект додека го подобруваат балансот на влажноста на кожата.

Производите на Mizon се ексклузивно достапни во Olpeo, продавница специјализирана за корејска козметика, на продажните места во ГТЦ во Скопје на првиот кат, Палма мол во Тетово, како и на www.olpeo.mk.

(комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот