Каква радост, тренерот на Фрајбург почна да ги „тепа“ сите! (ВИДЕО)

фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK/POOL

Фрајбург триумфираше со 1:0 на домашен терен и со трите бода се вклучи во борбата за учество во европските купови.

Кристиан Штрајх жестото ја славеше победата на неговата екипа Фрајбург во Бундес лигата против Борусија Менхенгладбах.

Фрајбург триумфираше со 1:0 на домашен терен и со трите бода се вклучи во борбата за учество во европските купови.

Моментно Фрајбург е на осмото место со 41 бод и во следното коло ќе игра против екипата на Волфсбург, дуел исто така важен за настап на меѓународната сцена.

Тренерот Штрајх беше свесен дека после подолг период неговите играчи слават победа во најсилното германско првенство.

Па, веднаш после последниот судиски свиреж на мечот, следуваше голема радост, така што почна сте да ги „тепа“, но и воедно не ги почитува мерките за социјално дистанцирање поради пандемијата на коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот