Каква порака испраќа Ким во светот? Две скриени пораки од воената парада во Пјонгјанг

Две работи недостасуваа на воената парада, а многу експерти тврдат дека ова се всушност двете најважни пораки на воената парада во Северна Кореја

Северна Кореја ја прослави 73 -годишнината од своето постоење со ноќна воена парада во главниот град, пишуваат државните медиуми во четвртокот, пренесувајќи фотографии од парадата, на која клучно место имаат фотографиите на учесниците облечени во портокалови заштитни костуми,. Набљудувачите забележуваат дека ова е прва воена парада на Северна Кореа на која нејзините вооружени сили не ги експонираат своите балистички проектили.

Ким Јонг Ун, водачот на оваа изолирана држава, присуствуваше на церемонијата каде армијата и Црвената гарда на работниците и селаните, најголемата цивилна одбранбена сила во земјата, маршираа во Пјонгјанг на плоштадот Ким Ил Сунг, однсно плоштадот кој го носи името на неговиот дедо.

Весникот на владејачката Лабуристичка партија, прорежимскиот и единствениот дневен весник во Сеерна Кореја „Родонг Синмун“, објави фотографии од луѓе со портокалови заштитни костуми и маски кои маршираат заедно со вооружените војници на севернокорескат народна армија.

Традиционалното оружје, како што се ракетни фрлачи и противтенковски проектили, исто така беа прикажани на парадата.

Но, во медиумските извештаи не се ни споменуваат балистичките ракети, а она што исто така беше ново за разлика од минатото беше тоа што лидерот Ким Џон Ун не одржа говор.
Како единствен официјален извештај за пардата и целиот настан беше извештајот на државната новинска агенција КЦНА:


„Рангот за превенција на епидемија и Министерството за јавно здравје беа полни со патриотски ентузијазам за да ги покажат придобивките од социјалистичкиот систем низ целиот свет, истовремено цврсто заштитувајќи ја безбедноста на државата и луѓето од глобалната пандемија“, пишува севернокроејската новинска агенциа КЦНА.

Инаку, Северна Кореја досега не потврди ниту еден случај на ковид -19, но ги затвори границите и воведе строги превентивни мерки, прикажувајќи ја пандемијата како прашање за опстанок на нацијата.

Дел од меѓународните експерти сметаат дека севенрокроејскиот лидер во недостаток на стратешко оружје и стабилност на јавната безбедност се фокусирал на внатрешни прашања како што се „Ковид 19“ и економијата.

„Се чини дека парадата е строго замислена како домашен фестивал чија цел е да го промовира националното единство и солидарност на режимот“, сметаат светските експерти.

Фактот дека на парадата немало промоција на нуклеарно оружје покажува дека Ким одлучил да остане настрана и да остави простор за маневрирање во идните разговори со САД и Јужна Кореја, сметаат аналитичарите.

За постетување, реговорите на меќународната з аедница и Северна Кореја за запирање на нуклеарната програма се во тек уште од 2019 година.

Владата на американскиот претседател eо Бајден објави дека ќе бара дипломатски начини за денуклеаризација на Северна Кореја, но засега не покажува подготвеност да го прифати повикот на Пјонгјанг за ублажување на санкциите.

Сепак минатиот месец Јужна Кореја и САД ја вратија традицијата и ги одржаа годишните воени вежби, должа границата на девет Кореи, за кои Пјонгјанг предупреди дека може да предизвика нова безбедносна криза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот