Каква понуда за Хамилтон: 100 милиони долари за две години  

twitter/formula1

Шесткратниот Формула 1 шампион доби понуда од Мерцедес за продолжување на соработката.

Тимот на Мерцедес во страв да не го загуби својот возач, Луис Хамилтон, му понуди нов договор со неверојатни бројки, 100 милиони долари за две сезони, тврди „Газета дело Спорт“.

Според весникот, оваа понуда е одговор на Ферари кој по завршувањето на сезоната кокетираше со евентуален ангажман на Хамилтон.

Хамилтон кој минатата сезона ја освои шестата титула, има договор со германскиот тим до 2021 година, а шефовите на Мерцедес му дале рок до лето да одлучи дали ја прифаќа понудата.

Луис Хамилтон во текот на целата своја Ф1 кариера, од 2007 година е со Мерцедес. На почетокот од кариерата возеше за Мекларен Мерцедес, а кога германскиот тим направи свој тим, Хамилтон е прв возач и освои пет титули. Првата титула ја освои како дебитант возејќи за Мекларен Мерцедес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот