Каква најава за дербито на Андалузија, навивачите ги бодреа фудбалерите на Бетис на последниот тренинг (ВИДЕО)

twitter/Real Betis Balompié

Едно од највозбудливите дерби пресметки во шпанската Ла Лига се игра вечерва на стадионот „Бенито Виљамарин“ во Севиља (21 ч.). Во дербито на Андалузија, Бетис го пречекува градскиот ривал Севиља.

Иако домаќинот е во долниот дел на табелата, додека Севиља е на само четири бодови од лидерите Реал и Барселона, натпреварите помеѓу градските ривали се најважните за нивните навивачи.

Токму затоа, неколку десетици илјади фанови на Бетис присуствуваа на последниот тренинг за да им дадат поддршка на своите миленици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот