Каква Македонија, во мислите на Бонучи само Португалија и Роналдо

Леонардон Бонучи и Кристијано Роналдо заедно играа во дресот на Јувентус/Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

На 24 март 2022 година репрезентацијата на Италија на домашен терен ќе ја пречека Македонија во полуфиналето од баражот како претпоследна пречка на патот кон Светското првенство во Катар.

Победникот од тој дуел на 29 март во Порто или Коња ќе игра со подобриот од пресметката Португалија – Турција. Фаворитските улоги ги имаат Италијанците и Португалците кои многумина ги гледаат во таа финална пресметка за учество на Мундијалот.

Искусниот централен бек во италијанскиот состав, Леонардо Бонучи (34) не размислува многу на дуелот со Македонците, туку повеќе на можното финале со Португалците и пресметката против неговиот поранешен колега од Јувентус, Кристијано Роналдо.

Бонучи го предупреди Кристијано Роналдо „ќе претрпи удари“ доколку Италија и Португалија се сретнат во баражот за СП во март.

– Разговарав со Кристијано Роналдо и се пошегувавме за можниот натпревар Португалија против Италија. Ќе видиме што ќе се случи на теренот, Кристијано знае дека ќе претрпи некои удари. Мораме да се концентрираме на тоа што ќе правиме на теренот, а потоа во март повторно ќе се сретнеме и убеден сум дека ќе одиграме два одлични натпревари – рече Бонучи за „Раи Спорт“.

Италија не успеа да биде првопласирана во својата квалификациска група за Светското првенство, завршувајќи на второто место зад Швајцарија.

– Мораме да заборавиме на минатото и да се фокусираме на она што следува. Она што се случи во октомври ќе ни послужи како лекција. Сакам да биде како подарок за моите синови, бидејќи тие никогаш не ја виделе Италија да игра на Светско првенство – вели членот на „Старата дама“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот