Каква Лига Европа, Милан сака да купува играчи!

twitter.com/acmilandata

Според „Кориере дела Сера”, Милан побарал да биде казнет со цел да има повеќе време да ги задоволи барањата околу финансискиот ферплеј.

Доколку се разберат двете страни, Спортскиот арбитражен суд (КАС) ќе го потврди договорот со тоа што нема да се меша.

Се очекува дека европската фудбалска централа ќе одлучи во рок од 72 часа. Ако УЕФА се согласи со овие услови, Милан ќе може безбедно да купува играчи ова лето.

УЕФА не би имала ништо против, од овој договор најмногу би „профитирал“ тимот на Торино кој би учествувал во Европа.

Неколку играчи се на радарот на „росонерите“ поточно на директорот на клубот Паоло Малдини кој имал разговори со Сенси и Дијавара. На лекарски прегледи и Круниќ, а претходно великанот од „Сан Сиро“ влезе во трката и за македонскиот репрезентатативец Елиф Елмас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот