Каква е иднината на нафтената индустрија? Цената на „Црното злато“ на најниско ниво – опоравувањето ќе трае долго

Пазарот за нафта во моментов е под голем притисок поради слабата потрошувачка на гориво, за што најмногу придонесува пандемијата од корона вирусот, како и негативните прогнози на Организацијата на земјите извознички на нафта ОПЕК како и на Меѓународната комисија за енергетика.

Турбуленциите на пазарите за нафта последнава недела наведоа голем број експерти уште еднаш да се запрашаат кои се главните причинители и уште колку долго ќе траат осцилациите во цената со овој енергенс. Иако, според мислењето на познавачите, дека веќе подолго време причина за нафтената криза е енормното производство и намалената побарувачка, многумина се сложуваат дека позицијата на нафтата како главен светски енергенс не е премногу загрозена. Ќе биде потребно, како што велат, уште време додека не се опорават светските економии.

Во овој поглед се прилично оптимисти, дури иако предвид се зема и дека во понеделникот цената на нафтата падна во минус. Ден потоа цената за барел нафта достигна околу 5 долари, а веќе следниот ден се искачи на 20 долари. Само за споредба, пред една година барел нафта се тргуваше по цена од 64 долари за барел, а пред половина година за 56 долари.

Пазарот за нафта во моментов е под голем притисок поради слабата потрошувачка на гориво, за што најмногу придонесува пандемијата од корона вирусот, како и негативните прогнози на Организацијата на земјите извознички на нафта ОПЕК како и на Меѓународната комисија за  енергетика.

Експертите очекуваат опоравувањето на цената на нафтата ќе трае релативно долго, бидејќи ќе биде потребно време додека се воспостави авио превоз, бродскиот и останатиот сообраќај, а напоменуваат дека само на транспорт припаѓаат 64 отсто од глобалната потрошувачка на нафта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот