КАКВА ЧЕСТ: Федерер на монети од 20 и 50 франци

Швајцарија одлучи да на специјален начин да му се оддолжи на еден од најдобрите спортисти во историјата, Роже Федерер.

Од 23 декември годинава ќе биде пуштена сребрена монета од 20 швајцарски франци со ликот на Федерер, додека во мај идната година треба да се појави златник од 50 франци исто така со ликот на тенисерот.


Федерер кој во кариерата има освоено 20 грен слем турнири, ќе биде првиот Швајцарец кој добива ваква чест.

„ Покрај многуте остварени рекорди, вклучувајќи го и рекордниот број освоени грен слем турнири, Роже е активен и во химанитарните активности во Африка и е првиот Швајцарец кој е амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ“, стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот