По 17 години одлична соработка, кошаркарот на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс повеќе нема да биде заштитно лице на најпознатиот газиран пијалот на светот, Кока-Кола.
Џејмс одлучи да не ја продолжи соработката со Кока-Кола и да потпише за најголемиот конкурент, Пепси за кого ќе го рекламира „Mountain Dew“ , прененсува ЕСПН.
Според американските медиуми, Леброн Џејмс ќе биде главен промотор на популарниот пијалок кој во 2015 година стана еден од главните спонзори на НБА лигата.
Џејмс и Кока-Кола ја завршија соработката која започна во 2003 година и тоа пред да стапне на НБА паркетите. Но, неговиот договор со Кока-Кола истече минатата година и двете страни не успеаја да најдат заеднички јазик за нова соработка по што Џејмс брзо се договори со Пепси за да биде главен промотор на пијалокот Геторејд.