Каков сеир на сметка на Вернер, „доби“ македонска лична карта со уникатен матичен број

epa09109625 Germany?s Timo Werner reacts after the FIFA World Cup 2022 qualifying soccer match between Germany and North Macedonia in Duisburg, Germany, 31 March 2021. EPA-EFE/THILO SCHMUELGEN / POOL

Фудбалската репрезентација на Македонија вчера ја оствари најголемата победа, со совлада четирикратниот светски шампион Германија со 1:2 и тоа на гостински терен.
Очекувано, реакциите за големата победа на Македонија се урнебесни на социјалните мрежи каде се тера сеир со германските фудбалери.
Апсолутен победник е мајтапот со напаѓачот на Челси, Тимо Вернер.

Вернер при резултат 1:1 успеа да го промаши невозможното, од само пет метри тој лошо ја зафати топката и го промаши целиот гол и поради тоа нашите фанови одлучија да му се заблагодарат со тоа што „му направија македонска лична карта“.
Шегата е одлична, а шлагот на тортата  е неговиот матичен број каде стои резултатот од вчерашниот натпревар 1:2 1:2 1:2 1:2.

принтскрин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот