Каков пресврт! Мбапе сака веднаш да го напушти ПСЖ, познат е планот на Реал Мадрид

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе долго време се поврзува со трансфер во Реал Мадрид. И покрај тоа што го продолжи договорот со ПСЖ, можно е во блиска иднина да го облече дресот на „кралскиот“ клуб.
Доста силно одекна веста од Франција дека 24-годишниот Мбапе, напаѓачот на ПСЖ, одбил да го активира договорот за уште една сезона. Ова за многумина е изненадување ако се знае дека тој доби рекордна сума за верноста кон клубот и потпишувањето на договорот. Така преку ноќ дојде до пресврт…
Да потсетиме, Мбапе го одби Реал во летото 2022 година и потпиша нов тригодишен договор со ПСЖ, чија вредност се проценува на рекордни 206 милиони евра! Според споменатата опција во договорот значи дека тој автоматски останува до летото 2025 година со париските „светци“.

Доколку се точни информациите дека Мбапе не сака да ја активира опцијата до почетокот на јули годинава, тоа значи дека тој би можел бесплатно да си замине од ПСЖ во летото 2024 година.
Времето ќе покаже дали челниците на ПСЖ сепак ќе се решат да го продадат, за барем малку да ја „санираат штетата“ и да се ослободат од играчот кој сепак сака да го напушти клубот. Но, ситуацијата преку ноќ стана сложена бидејќи Нејмар и Меси најавија заминување од ПСЖ.
Тиражниот шпански весник „АС“ пренесува приказна од извор од Реал Мадрид дека шпанскиот клуб одлучил дека не сака да плати ниту евро за Мбапе, што јасно покажува дека ја следат ситуацијата и трпеливо чекаат да стане слободен играч…Бидејќи одамна е познато дека Мбапе сака да игра за Реал, каде што играше и неговиот идол Зинедин Зидан.
Килијан Мбапе ќе биде главна цел на Реал Мадрид во 2024 година