Каков потег од Шкотска: Навивачите одлучуваат за иднината на фудбалерите!

фото: твитер

Ливингстон им дава шанса на фановите и воопшто љубителите на фудбалот да одлучат за иднината на нивниот голман Мејли Гери (37).

Ова можеби и првпат се случува во фудбалот, имено шкотскиот клуб Ливингстон објави интересна анкета.

Имено, Ливингстон им дава шанса на фановите и воопшто љубителите на фудбалот да одлучат за иднината на нивниот голман Мејли Гери (37).

Крај и во Шкотска: Деветта титула по ред за Селтик

Неговиот договор истекува следниот месец, па клубот ги прашува навивачите дали да му понудат нов договор или не.

Да остане или да си оди, вие одлучете – соопштуваат од шкотскиот клуб Ливингстон.

Станува збор за чувар на мрежата кој своето професионално деби го имаше дури во 34 година и воглавно беше резервна опција.

Во првите две професионални сезони имаше четири настапи за Ливингстон, потоа во Ковденбит запиша само еден натпревар. Се врати во Ливингстон, но за период од две години немаше ниту еден официјален настап, само пет пати се најде на резервната клупа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот