КАКОВ МАЛЕР: ВАР му поништи шест гола на три средби

фото: epa

Поради видео технологијата, Гомез кој моментно настапува за второлигашот Штутгарт има постигнато само два гола на 13 настапи.

-Ова е шести пат сантиметри да одлучуваат. Кога ги гледам сликите, за мене тоа е исто растојание како и минатиот пат. Напаѓачите како мене, кои се зависни од центаршутевите и додавањата кое се на работ на офсајд, ВАР е немилосрден. Не се сите како Меси кои топката која ќе ја примат на средината на теренот и ќе постигнат гол.

Луѓето доаѓаат на стадионите бидејќи сакаат да гледаат голови. Доколку судиите постојано се огласуваат поради два сантиметри, а линискиот судија го крене знаменцето за да се спаси од притисокот и да чека глупавиот ВАР да одлучи. Тоа е вистинско го**о – рече Гомез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот