КАКОВ МАЛЕР: Го пуштиле од затвор, па истиот ден повторно го уапсиле поради шампањ

Во Германија еден затвореник бил уапсен истот ден откако пред само неколку часа бил пуштен од затвор.

Мажот бил повторно уапсен затоа што украл неколку шишиња шампањ.

Полицијата соопшти дека 25-годишниот маж бил виден во петокот како зема неколку флаши шампањ од продавница.

Продавачот ја известил полицијата и пријавил кражба додека го следел осомничениот низ улицата, јави „АП“.

Поранешниот затвореник е уапсен со флашите, наведе полицијата.

Со оглед на тоа што мажот бил фатен со нож во џебот, покрената е истрага за вооружан грабеж.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот