Каков лудак, НФЛ ѕвезда се трка со бикови - Слободен печат
ОстанатoСпорт

Каков лудак, НФЛ ѕвезда се трка со бикови

Ѕвездата на НФЛ екипата Вашингтон редскинс, Џош Норман, слободното време одлучи да го помине во Памплона на познатата трка со бикови.

Еден од најдобрите корнер-бекови во НФЛ лигата, Џош Норман е адреналински зависник и со последниот потег покажа дека е еден од најлудите спортисти на светот.

Тој учествуваше на фестивалот Сант Фермин во Памплона, Шпанија, каде главна атракција се трките со бикови низ градските улици. Камерите го фатија Норман како прескокнува еден бик со што ризикува голема казна од својот клуб.

Тој неодамна потпиша нов договор со редсинс вреден 75 милиони долари или 15 милиони долари по сезона во следните пет години, со што стана најплатен играч на својата позиција во историјата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close