Каков лудак, му даде 2.000 евра за да скокне со мотор во море (ВИДЕО)

принтскрин

Марио Балотели моментно одмора во Неапол, Италија каде го привлече вниманието на локалната јавност. Имено, во еден од баровите во кои одмораше фудбалерот на Олимпик Марсеј, одлучи дополнително да се опушти и забавува и на сопственикот му даде 2.000 евра само за да скокне со моторот во море.

Нормално, предизвикот на Балотели беше прифатен и сопственикот без никакви проблеми ја реализира задачата која му ја зададе италијанскиот репрезентативец.

https://www.instagram.com/p/BzkBnRBoAIT/?utm_source=ig_web_copy_link

„Мојот мопед и така вредеше околу 600 евра. Јас сум во „ќар“ од ова“, изјави сопственикот на локалот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот