КАКОВ ЛУДАК: Фудбалер избега од самоизолација и пијан возеше возило за голф низ Сиднеј

Фудбалерот на Велингтон феникс, Тим Пејн го очекува казна откако избега од самоизолација во која беше поради пандемијата со коронавирусот и во пијана состојба управуваше со возило за голф по улиците на Сиднеј.

Друштво му правеше соиграчот Оливер Сеил кого исто така го очекува драконска казна поради бегството од самоизолација.

– Многу ми е жал и неверојатно многу ми е незгодно поради тоа што го направив – рече Пејн во разговорот за новозеландското радио Спорт.

твитер

Фудбалерите на екипата од Нов Зеланд беа во изолација во Сиднеј бидејќи се надеваа дека за кратко време ќе продолжеше првенството во австралиската А-Лига.

Според полицискиот извештај, Пејн и Сеил, со возилото за голф поминале повеќе од пет километри.

– Направив нешто со кое не сум горд и свесен сум дека ме очекува казна – додаде Пејн кој има и 17 настапи за репрезентацијата на Нов Зеланд.

„Доколку се утврди дека имало било каков прекршок, ФИФА ќе реагира во склад со кодексот на однесување“, објави Австралиската фудбалска федерација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот